Новости

Битола инфо

Машка клапа од Хрватска ќе настапи во Битола

Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ” во соработка со Центарот за култура во Битола, организираат Божиќен и новогодишен концерт, со настап на машкиот вокален состав Подворје од Каштел Сучурац, Хрватска.

Концертот ќе се одржи во петок, 13-ти декември, со почеток од 19.30 часот, во Малата сала на Центарот за култура во Битола.

Секоја година божиќните концерти на Хрватскиот културен центар се вистински предновогодишен подарок за битолската публика, но и гостите кои доаѓаат од другите македонски градови, но и надвор од државата, преку хрватската музика да се ужива во една предновогодишна магија во срцето на Битола.

Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“, секоја година традиционално го одбележува Божиќ, со гостување на ансамбли и групи од градови од Хрватска или места на Балканот, каде дејствуваат хрватски здруженија. Културните гостувања и соработки траат долги години колку што постои и друштвото „Марко Марулиќ“, се со цел презентирање и запознавање на македонската јавност со богатата хрватска култура и традиција. Изминатите години во текот на своето 25 годишно постоење, ова здружение организираше многубројни гостувања како на хрватски здруженија, ансамбли и уметници во Битола, така и на македонски театри, уметници, ансамбли во Хрватска.

Неда Маретиќ

GOLD
To Top