Новости

Битола инфо

Меѓународен форум за продукциски дизајн во Битола

Меѓународен форум за продукциски дизајн се одржа викендов во Битола, со учество на филмски професионалци од земјава и странство. Централната тема на форумот беше „Продукцискиот дизајн како алатка за промоција“.Повеќе од десет гости учествуваа во излагањата и дискусиите што се одржаа во рамките на дводневниот форум.


Продукцискиот дизајн на едно аудиовизуелно дело е првото нешто преку кое публиката го перципира делото и отвора неверојатно многу можности за промоција и интеракција со неа. Токму на оваа тема вториот ден се одржа панел дискусија во рамките на која креативци и професионалци од оваа област дискутираа како продукцискиот дизајн може да овозможи поголема промоција на филмот и негова видливост. Во рамките на форумот се одржаа и повеќе дискусии за актуелни теми од продукцискиот дизајн и од филмската индустрија. Целта е зајакнување на соработката помеѓу филмските професионалци во регионот и размената на искуства во филмската дејност.

Меѓу учесниците на форумот беа Марија Драндаки, филмски продуцент и дистрибутер од Грција, Светомир Пајиќ, кинематографер од Србија, Зоран Палиниќ, режисер и продуцент од Србија, Христо Христозов, програмски директор на „Дом на киното“ во Софија, Фотеини Алевра, комуникациски експерт на Филмскиот фестивал во Атина и селектор и други.


Форумот по четврти пат го организира продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ филм и медиа“, а со поддршка на Регионалниот филмски фонд „Балкан синема ситис“. Форумот го поддржа Министерството за култура.
Целта е Битола и републиката да станат центар каде во иднина би се одржувал годишниот состанок на продукциски дизајнети, продуценти, режисери и автори во насока на унапредување на состојбата на овој важен сегмент од креативните индустрии во насока на економски (и културен) развој.

GOLD
To Top