Новости

Битола инфо

Министерот без ресор Ибраимоски во посета на битолските Роми

Министерот без ресор задолжен за стратегијата на Ромите, Самка Ибраимоски денеска беше во посета на битолските Роми. Ова е негова прва работна посета на Битола, а дојде да ги слушне проблемите со кои се соочуваат Ромите во Битола.

Ромите побараа урбанизирање и легализирање на населбата Петочна вода, куќите над регионалниот пат Битола – Ресен, како и останатите делови од градот каде што живеат Роми, а не е решен проблемот со урбанизација. Бараат да се урбанизираат за да не се водат сите на сите на иста адреса.  Ибраимоски рече дека ќе почнат што поскоро да бараат решение за овие проблеми.

 

GOLD
To Top