Новости

Битола инфо

Младите го уредуваат просторот зад Пелагонка 1

Два дена во Битола ќе се уредува јавен простор, ќе се играат друштвени игри и ќе се одржат интерактивни работилници во рамките на кампањата против гласини: „Гласно сокаче – Будно чимаче“. Ја избраа локацијата кај чешмата позади Пелагонка 1.

„Решивме да избереме урбан простор кој што ќе се уредува, кој што ќе се оплемени со некакви содржини и низ процесот на работа, ќе успееме да докажеме дека не сите млади се мрзливи, дека има млади кои што знаат и да испланираат, да организираат и да остават нешто вредно во заедницата. На овој начин сакаме да го поттикнеме истовремено и волонтеризмот, да го промовираме меѓу младите за да можат практично да видат што значи да се волонтира, да се придонесе во заедницата. Го поттикнуваме и меѓугенерацискиот дијалог, заради тоа што во оваа акција ги повикавме да ни се придружат и повозрасни луѓе и тоа се постигна, голем дел од возрасните од соседството се приклучија, фарбаа, помагаа со алати. Истовремено да се подигне свеста кон урбаниот простор, грижата кон урбаните простори кои се заеднички на сите. Тоа беше целта на оваа акција, и најосновната цел е да допреме до возрасните и младите за тоа дека не треба да се генерализира секогаш затоа што таа генерализаија може да доведе до контрапродуктивен став кон младите, во смисла ако веќе сме окарактеризирани како мрзливи, неработливи и апатични, зошто да се вклучиме во акција. Овде имало времиња кога се собирале и стари и млади, со оваа акција ќе помогнеме за освежување на местото. Иако тука си преземаат акции за уредување, еве ние сега им помогнавме. Утре ќе организираме интерактивни работилници каде се поканети ученици од „Тодор Ангелевски“ и „Даме Груев“ каде ќе можат да цртаат и освен тоа ќе организираме на друштвени игри, но и бељот“ рече Наташа Чавдаровска, претседател на ФОРУМ 16.

Вака изгледаше претходно местото.

Работилниците се дел од програмските активности на Форум 16 за промоција на човековите права на креативен начин, а менторски поддржани од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) – Мисијата во Скопје.

GOLD
To Top