Новости

Битола инфо

Мотивациски говор во Битола со генералниот директор на ТАВ Аеродроми

Мотивациски говор на тема,,Патот до успехот‘‘ во организација на здружението,,Златно Перо‘‘-Битола како завршна манифестација во серијата работилници за личен раст и развој.По тој повод ги покануваме сите млади лидери,сите кои сакаат да ги подобрат своите лидерски вештини,студенти,ученици,сите млади претприемачи и воопшто сите оние кои сакаат да слушнат една поразлична приказна,,Патот до успехот‘‘ говорник генералниот директор на ТАВ аеродроми Алпер Ерсој.

Настанот ќе биде во вторник на 18.12.2018 година во малата сала на Центарот за култура –Битола со почеток 12 часот .

Агенда на настанот

– Воведен дел обраќање кон присутните од страна член на здружението

 

ФОРМАЛЕН ДЕЛ

– обраќање на господин Алпер Ерсој запознавање на присутните со неговиот професионален ангажман,образование,работно искуство,како функционира една компанија како ТАВ,каков е предизвикот да се работи во една таква компанија.

 

НЕФОРМАЛЕН ДЕЛ

– Интерактивен дел, поставување прашања,дискусија ;

 

 

GOLD
To Top