Новости

Битола инфо

УЖ ВМРО ДПМНЕ Битола: Незаконското работење и импровизирањето на Петровска може да предизвика катастрофа во старскиот дом Сју Рајдер и во Битола

Денеска со реакција УЖ ВМРО ДПМНЕ Битола.

„Почитувани,
Во ова тешко време, невреме, не мачат многу прашања, работите не се воопшто едноставни кога се работи за здравјето на нашите граѓани а од тука и за здравјето на нашите семејства, за здравјето на сите, без исклучок. Додека некој ги почитува правилата на однесување за време на пандемија од ковид -19, некои за жал си тераат,,мајтап,,. Неминовно е прашањето, дали луѓето назначени на одговорни функции се доволно стручни да организираат и раководат установи и институции за време на пандемија? Особено институции од ваква чуствителна природа. Поведени од вчерашните објави во медиумите, дека вирусот ковид-19 влезе во битолскиот старски дом ,,Сју Рајдер,, ги поставуваме овие неколку прашања и бараме одговор од директорката на старскиот дом Јулијана Котевска  и градоначалничката Наташа Петровска.
– Дали човекот е згрижен во Домот за време на официјално прогласена пандемија во Државата?
– Ако е згрижен и добил сместување во домот за време на пандемија, како може да биде згрижен во Домот без претходно направена епидемиолошка анкета и тестирање, без почитување на никакви процедури и протоколи?
– Дали директорката има изработено посебен протокол за работа, организација и функционирање на Домот за време на панедмија, тргнувајќи од фактот, дека во Домот  живеат 154 згрижени стари лица, 36 вработени и останато движење во домот (дотур на намирници, надворешно одржување, други стручни лица кои по службена должност го посетуваат домот и сл.)?
– Дали директорката знае дека и 1 заболено лице во Домот го загрозува животот на останатите 153 стари и изнемоштени лица кои спаѓаат во најризичната група граѓани за време на оваа пандемија со ковид -19 ?
– Ја прашуваме директорката, ако лицето на кое му е потребна нега, хранење, одржување на хигиена и сл. за време на пандемија е сместено во Домот без претходно тестирање каде е грижата за вработените, нивната заштита и заштитата на нивните семејства?
– И на крај, прашање за градоначалничката Битола, Наташа Петровска, со цел да ги разбиеме чаршиските муабети, дали изборот на директор во старскиот дом ,,Сју Рајдер,, Битола е во согласност со законот за избор на директор  во Јавна Установа донесен од страна на Министерството за труд и социјална политика и дали имате финансиска согласност од Министерството по кое се исплаќа директорот во оваа Установа а Вие сте го назначиле да ја извршува оваа функција?

Да бидеме појасни, ова прашање е досега неколкупати поставувано, но го повторуваме заради тоа што и овој пат се потврди, дека секаде каде што претходно се направени пропусти оргомна е можноста да се направи ненадоместлива штета, како во овој случај. Ние на сите штитетници и вработени во Домот „Сју Рајдер“ им посакуваме добро здравје и спокојни денови, но ситуацијата може да резултира со страшни размери. Тогаш, било каква форма на одговорност, за досегашното импровизирање, незаконско работење, незнаење на градоначалничката Петровска, а и директорката Котевска, нема да има никакво фајде.“

Со почит,
Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ
Битола
GOLD
To Top