Новости

Битола инфо

Намален бројот на кривични дела во Битола

Во текот на минатата 2018 година Секторот за Внатрешни работи Битола констатира поволна состојба во делот на вкупните кривични дела односно зголемена реализација во однос на предходната година, а исто и во однос на четирите минати години, како и намален број на пријавени кривични дела.
Зголемената ефикасност на нашето работење резултира со зголемена реализација во борбата против криминалот.
Сето тоа се должи на превземени низа мерки и активности, добро изготвени планови и акции што допринесува драстично да се намали криминалитетот на нашето подрачје.
Во текот на цела 2018 година регистрирани се вкупно 3037 кривични дела, за разлика од минатата 2017 година каде вкупниот број на кривични дела изнесува 3263 или имаме намалување за 7%, или за разлика од минатите години бележиме константен пад на бројот така што во 2014 биле вкупно 3644, 2015 биле 3288, 2016 биле 3305 вкупно кривични дела.
Вкупниот број на поднесени кривични пријави во текот на цела 2018 изнесува 1423 за разлика од минатата година каде бројот на поднесени кривични пријави изнесува 1292, односно имаме зголемена ефикасност при поднесокот на пријави за 10%. Ако споредиме со минатите години повторно се гледа зголемената ефикасност односно во 2014 биле вкупно поднесени 1268, во 2015 година биле 1326, во 2016 поднесени се 1315 вкупно к.пријави.
Благодарение на нашата организираност и работа на терен во поглед на кривичните дела од недозволена трговија откриеана и запленета беше поголема количина на дрога, каде поднесени се вкупно 103 к.пријави за разлика од минатата 2017 година каде поднесени се вкупно 75 пријави, односно бележиме зголемување на поднесокот за 37 %.

Во однос на поднесени кривични пријави од економски криминал бележиме 66% зголемување за разлика од минатата година, односно 2018 година поднесени се 113 кр.пријави а додека 2017 година бројот на поднесени кривични пријави од економски криминал изнесува 68, односно споредбено со 2016 год. биле 103 поднесени пријави, а 2015 вкупно 87 к.пријави што ни кажува дека сме во постојан пораст на поднесување к.пријави од областа на економскиот криминал.
Во однос на кривичните дела од класичен криминал во 2018 година бележиме намалување за 10% во однос на 2017, односно во 2018 вкупно пријавени кривичните дела од класичен криминал се 2761 а 2017 година биле пријавени вкупно 3071 к. дела.
Ефикасноста во расветлувањето во 2018 год. е зголемена за 5% во однос на 2017 год.
Последниот период бележиме константен тренд на намалување на тешките кражби,а најчесто се кражби со незначителна материјална штета.
Благодарение на работата на терен откриени се и реализирани разбојништва за кои поднесени се и соодветни пријави.
Во поглед на сообраќајот на подрачјето на Битола вклучително со Општините Могила и Новаци бележиме намалување на сообраќајните незгоди и тоа намалување и на сообраќајните незгоди со жртви
2018 година од вкупно314 незгоди – 3 жртви
2017 година од вкупно320 незгоди- 12 жртви
2016 година од вкупно313 незгоди – 7 жртви

Како досега така и понатаму Секторот за внатрешни работи Битола ќе продолжи со превземање на засилени мерки и активности како во борбата против криминалот така и во подобрување на сообраќајот се со цел безбедно општество на граѓаните на подрачјето на кое гравитираме.

GOLD
To Top