Новости

Битола инфо

Највредните фудбалски трофеи утре во Битола

Утре, на празникот Илинден, фудбалските трофеи од Европска лига, Супер куп на УЕФА и Лига на Шампионите ќе бидат изложени на Ќумурно игралиште во Битола од 10:00 до 12:00 часот, а битолчани ќе можат да се фотографираат со нив.

Денескa од Тетово започна трофеј турата, а Битола е дел од неколкуте градови каде ќе бидат изложени најзначајните фудбалски пехари. Тие ќе бидат изложени и во Охрид, Прилеп, Неготино, Струмица, Штип, Куманово и Скопје.

Во пресрет на најголемиот спортски настан во историјата на Македонија, финалето на Европскиот Супер Куп меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, фудбалските фанови во Македонија ќе имаат прилика да се сликаат со трофеите и да го тестираат своето фудбалско знаење со учество во различни игри и на тој начин да освојат и симболични награди.

Пехарите на седми и осми август, кога ќе се одржи и финалето на Европскиот Супер куп меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, ќе бидат изложени во Скопје.

На 2. август, големиот македонски празник Илинден, трофеите ќе бидат во Битола од 10.00 до 12.00 часот и во Прилеп од 18.00 до 20.00 часот.

На 3. август во Неготино од 10.00 до 12.00 часот и во Струмица од 18.00 до 20.00 часот.

На 4. август во Штип од 10.00 до 12.00 часот и во Куманово од 18.00 до 20.00 часот.

На плоштадот „Македонија“ во Скопје, големите трофеи на УЕФА ќе бидат изложени на 7. (11.00 до 19.00) и 8. август од 11.00 до 16.00 часот.

 

 

GOLD
To Top