Новости

Битола инфо

На 25 јуни започнува 17. издание на фестивалот „Битола отворен град“

Меѓународниот младински арт фестивал „Битола отворен град“ е традиционален меѓународен младински уметнички фестивал кој 17 години ја слави алтернативната уметност и урбаната култура, стимулира културен активизам, ја инспирира публиката да биде свесна и отворена за нови прогресивни идеи и придонесува за развој на културниот туризам во Битола.

Фестивалот е инспириран од потребата за нов пристап во промоцијата и презентирањето на културните, општествените и човечките вредности и трендови преку музика и визуелни уметности.

„Битола отворен град“ ги обединува младите луѓе од различни локации од Европа, со различни афинитети, интереси и професионална определба да споделат свои ставови, искуства, вредности користејќи креативни методолошки алатки за имплементирање на активности кои поттикнуваат и ги јакнат општествените вредности и кои и ќе ги промовираат интеркултурниот дијалог и европските вредности, користејќи различни уметнички алатки.

Фестивалот обезбедува простор за поврзување на култури, размена на искуства, мислења и ставови и за креирање на нови партнерства и соработки, истовремено е генератор на динамична и позитивна енергија и мост помеѓу културите.
Фестивалот е отворен за сите алтернативни уметности во изведба/изработени и водени од млади луѓе и претставува единствено искуство исполнето со позитивна енергија која умее да прерасне во креативна еуфорија.

Од 25 – 30 јуни 2018 на различни локации низ Битола, очекувајте интересни настани.

GOLD
SN Finansii
To Top