Новости

Битола инфо

На 28 јули започнува бербата на боровинки на Пелистер

Официјалниот датум за отпочнување на бербата на боровинката на Пелистер ќе биде 28 јули 2018 година, одлучи управата на Националниот парк Пелистер. Одлуката беше донесена после одржаниот работен состанок со претставници на фирмите, кои се занимаваат со откуп на боровинка и други шумски производи, и кои за таа намена располагаат со соодветни дозволи од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во периодот до 27 јули 2018 г. се повикуваат заинтересираните собирачи на боровинки да се обратат до Управата на НП Пелистер и да си обезбедат легитимација за собирање, или маркица за собирање за 2018 година, доколку веќе имаат легитимација.

Фирмите откупувачи, треба најдоцна до 27 јули 2018 г. да достават официјално барање дека ќе учествуваат во откупот, да уплатат депозит и да го потпишат договорот за откуп со НП Пелистер. На тие откупувачи кои нема да потпишат договор, нема да им биде дозволен откуп на боровинка на територијата на НП Пелистер, информираат од националниот парк.

GOLD
GoldSlot
To Top