Новости

Битола инфо

Недела на волонтирање во Битола

Од 02 – 06 декември 2019 година со цел одбележување на денот на волонтирањето во Битола СФЕРА ИНТЕРНЕШНАЛ вопартнерство со ИМКА Битола ќе го имплементира проектот ‚‚Волонтирај – Прогресирај‚‚ чија главна цел е промовирање на волонтирањето и мотивирање на младите за поголема вклученост во волонтерскиот процес, за нивен полесен понатамошен професионален развој. Проектот е финансиран од Општина Битола и е отворен за сите заинтересирани граѓани.
Во склоп на неделата на волонтирање ќе бидат организирани следните активности:
Понеделник 02 декември 2019
12:00 – 14:00 – Креативни работилници за креирање на апциклирани торби за купување од стари маици (Локација: СОУ Таки Даскалот – Битола)
14:00 – 17:00 – Донирање на мини библиотеки со бесплатни-донирани книги (Локација: Порта Џез, Агенција за катастар на недвижности Битола, Меѓуградска автобуска станица Битола, Градска Болница Битола)
Вторник 03 декември 2019
11:00 – 13:00 – Разделување на апциклираните торби за купување на граѓаните од Битола (Локација: Градски пазар)
14:00 – 16:00 – Посета на дом за стари лица Сју Рајдер и организирање на различни активности за рекреација и дружење
Среда 04 декември 2019
10:00 – 15:00 – Саем за волонтаризам(Локација: Центар за Култура Битола – фоаје)
Четврток 05 декември 2019
12:00 – 14:00 – Доделување на волонтерски награди (Локација:СалатанаСоветотнаОпштината)
Петок 06 декември 2019
13:00 – 17:00 – Акција за дарување на крв (Локација: Здружение на родители на деца со Аутизам ”МаркоПоло-Експлорер” Битола)
12:00 – 14:00 – Панел дискусија за поткревање на свеста на граѓаните кон волонтирањето (Локација: Мала сала при Центар за Култура Битола)

Преку реализацијата на планираните активности ќе се постигнат следните цели:
1. Подигање на свеста за помасовна вклученост на младите од основните и средните училишта кои ќе бидат директно вклучени во волонтерски акции за нивен подобар понатамошен професионален развој во локалната заедница во која живеат
2. Инклузија и мешаност на млади од маргинализирани и социјално ранливи категории на групи, различна верска, расна и етничка припадност со цел подигање на свеста на прагот на толеранција меѓу нив, и антидискриминација
3. Зајакнување на контактите со средните и основните училишта во Република Северна Македонија и можности за подобра идна соработка, на сите полиња;
4. Меѓусебно запознавање и директна комуникација помеѓу младите од различни социјални групи кои заедно како тим ќе го разглобат бенефитот од волонтеризмот кој како алтруистичка активност, е наменет за промовирање на добро, подобрување на квалитетот на живот, помагање за некакви активности.

GOLD
To Top