Новости

Битола инфо

Викендов нема скијање во Ски центарот Ниже Поле

Од ЈП Стрежево денеска ги известија сите битолчани, љубители на скијањето дека викендов Ски центарот Ниже Поле нема да работи.

„И покрај обилните врнежи од снег кои деновиве ја зафатија нашата земја, како субјект кој стопанисува со ски- центарот Ниже Поле напоменуваме дека ски- центарот и Чајџилницата од 15.03.2020 година не работат врз основа на мерките од Одлуката на Владата донесена на 14.03.2020 година за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID -19.

Јавното претпријатие “Стрежево” – Битола апелира до граѓаните да останат дома и да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата, со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид 19 во нашата земја.

Единствениот начин да се заштитиме себеси и да го заштитиме нашиот здравствен систем во екот на пандемијата е само доколку сите ние се однесуваме одговорно.

#Да бидеме одговорни и да останеме дома“, велат од Ски центарот Ниже Поле.

GOLD
To Top