Новости

Битола инфо

Не е љубов се што личи на неа

Знаеме дека во љубовта нема правила. И тогаш кога мислиме дека знаеме се, може нешто да не изненади. Една од честите дилеми во љубовта е- дали се привлекуваат СЛИЧНОСТИТЕ или се привлекуваат РАЗЛИЧНОСТИТЕ.

Некои луѓе во партнерот бараат свое огледало, односно уживаат во заедничките сличности кои ги пронаоѓаат меѓусебно. Други луѓе пак, во партнерот бараат нешто што е тотална спротивност од нив. Додека едните веруваат дека сличностите ја чинат врската мирна, удобна и долготрајна- другите веруваат дека различностите ја носат динамиката и авантурата во врската. Кога зборувам за сличности и разлики мислам на повеќе фактори кои за секој пар би носел и различно значење како што се: возраст, култура, образование, социо-економски статус, интереси, животен стил, карактерни особини и сл.

Можеби една екстровертна и емотивна девојка ќе запознае момче кое е интровертно и не му е толку удобно во однос на изразувањето на емоции. На почетокот, на неа тој ќе и биде привлечен поради неговата мистериозност, а на него таа ќе му биде привлечна поради нејзината отвореност. Но, подоцна многу често се случува овие разлики да направат проблем во односот како на пример- таа да настојува тој повеќе и поотворено да разговара за своите чувства и да го напаѓа дека не ја разбира, а тој нејзиното настојување да го толкува како притисок и гушење. Не велам дека овие врски се погрешни. Слична ситуација може да се јави и кај паровите кои се слични. Замислете еден пар каде што тој и таа ја ценат и ја уважуваат својата индивидуалност и личен простор. Тоа би изгледало како еден брод со два капетана.

Сите партнерски релации без разлика на кој начин партнерите се привлекуваат еден кон друг со тек на време формираат своја динамика. Долготрајна, стабилна и квалитетна врска успеваат да изградат оние партнери кои успеваат да ја пронајдат својата комплементарност.

Незрелата љубов вели: „Те сакам, бидејќи ми требаш“. Зрелата љубов вели: „Ми требаш, бидејќи те сакам!’

Ве покануваме на работилницата за Љубов и партнерски релации, која што ќе се одржи на 23.02. во Хотел Милениум, Битола. Повеќе информации можете да прочитате на линкот на самиот настан. (линк од настанот).

Работилницата ја организираат Мој психолог во соработка со Златно перо.

 

Ве покануваме на работилницата за Љубов и партнерски релации, која што ќе се одржи на 23.02. во Хотел Милениум, Битола. Повеќе информации можете да прочитате на линкот на самиот настан. (линк од настанот).

Работилницата ја организираат Мој психолог во соработка со Златно перо.

GOLD
To Top