Новости

Битола инфо

Ниските температури ја зголемија потрошувачката на вода во Битола

Потрошувачката на вода во Битола последните денови се зголеми за 20%. Причината се ниските температури, кои го достигнаа и 21 степен под нулата. Плашејќи се да не им замрзне водата во цевките, граѓаните ги оставаа чешмите да течат. Директорот на ЈП „Водовод“, Горан Козаров истакна дека потрошувачката е исто како во најтоплите денови во годината.

-За 20% е зголемена од стандардните 520 литри, сега е зголемена на 650 литри во секунда, апелираме да ги затвораат чешмите за да не доаѓа до преголема потрошувачка на вода, рече Горан Козаров, директор на ЈП „Водовод“ Битола.

Поголеми дефекти на водоводната мрежа немало. Имале само два дефекта кои навремено биле санирани.

-Имаме два дефекти на трасата за РЕК Битола, пукање цевка од ладното на доводот за Битола, но и за селата кои гравитираат кон граничниот премин. И двата дефекта се навремено сервисирани и отклонети. Заради студеното очекуваме зголемен број дефекти, но дежурните екипи на ЈП „Водовод“ го имаат под контрола сето тоа. За пукање водомери имаме околу 30 пријави, кои се навремено сервисирани и апелираме до граѓаните поради ниските температури да ги покриваат и заштитуваат водомерите, истакна Козаров.

GOLD
To Top