Новости

Битола инфо

Нови филтри за прочистувачи за детските градинки „Мајски Цвет“ од Битола

Нови филтри за прочистувачите на воздух доби денеска детската градинка „ Мајски Цвет “ од Битола. Донацијата е од СН Финансии од Битола, а станува збор за 25 филтри кои ќе бидат распределени во сите градинки кои се под Јавната Установа „Мајски цвет“.

-Филтрите доаѓаат во вистинско време ако знаеме дека зимскиот период Битола има висок степен на загаденост на воздухот. Многу е важно воздухот во затворените простории во кои престојуваат децата да биде прочистен, а благодарение на прочистувачите можеме да им го обезбедиме тоа, вели директорката на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Снежана Тодоровска.

-Бидејќи загаденоста на воздухот сеуште е најголем проблем на битолчани, нашата мисија оваа година ја насочуваме токму кон решавање на овој проблем. Задоволството е големо кога насмевка добиваме од најмалите, вели Радојка Димитријеска од СН Финансии.

Финансиското друштво СН во март 2018 година беше дел од акцијата каде 13 приватни фирми заедно со Општина Битола донираа 67 прочистувачи за воздух за детските градинки во Битола. Исто така беа дел и од акцијата „Да засадиме иднина“ која ја организираше Ротари клуб Широк Сокак Битола каде беа засадени повеќе од 100 000 садници на локацијата Бел Камен, Ротино.

GOLD
To Top