Новости

Битола инфо

Новогодишна магија за децата со оштетен слух и говор од заводот „Кочо Рацин“ во Битола

Да ги израдуваме со новогодишни подароци децата што престојуваат и учат во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор “Кочо Рацин” во Битола. Да ги направиме празничните денови оваа година незаборавни. Да им подариме на децата книги, боенки, сликовници, лектири, едукативни книги, енциклопедии, училиштен прибор, и на наш начин да покажеме дека љубовта кон книгите треба да се развива од најмали нозе.

Фејсбук-групата “Размена на книги и книжевни муабети” организира акција за новогодишно дарување. Воедно, ние, членовите на Фесјбук-групата, ги покануваме и издавачите што сакаат да учествуваат во акцијата, да ни се приклучат.

„Фејсбук групата ‚‚Размена на книги и книжевни муабети/ Book swap and bookish discussions‘‘ од 27-ми Ноември до 16-ти Декември, организира донаторска акција ‚‚Новогодишна магија за децата со оштетен слух и говор од заводот ‚Кочо Рацин во Битола‘‘, со тоа што ги поканува љубителите на пишаниот збор, издавачите, како и сите оние кои имаат желба оваа Нова година да им ја разубават на овие деца, да донираат книги, боенки, сликовници, лектири, едукативни книги, училишен прибор и енциклопедии. Целта на оваа акција е да им ја поттикнеме љубовта кон книгата од најмали нозе. Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат во акцијата, донациите би можеле да ги остварат на следниот начин:

– За Скопје, просториите на книжарницата ‚‚Култура‘‘ се отворени секој ден, со назнака за акцијата ‚‚Новогодишна магија за децата со оштетен слух и говор од заводот ‚Кочо Рацин во Битола‘‘

– За другите градови, заинтересираните може да го контактираат администраторот на групата ‚‚Размена на книги и книжевни муабети‘‘ Благојче Андонов https://www.facebook.com/mungosmugi?ref=br_rs

Да им донесеме насмевка на детските лица и оваа Нова Година да им подариме најубаво подароци – полни торби книги“, велат организаторите на оваа новогодишна акција.

Линк од групата : https://www.facebook.com/groups/1624632414415400/?multi_permalinks=2159999620878674¬if_id=1543251867724752¬if_t=group_activity&ref=notif

Линк од настанот: https://www.facebook.com/events/719454481765236/

GOLD
To Top