Новости

Битола инфо

Ново спортско-рекреативно катче за битолчани

Битола доби спортско-рекреативно катче на Тумбе Кафе, кое е едно од најпознатите места за спорт и рекреација на битолчани.

Поставени се повеќе справи за рекреација и одржување баланс на телото под брендот на „Balans+“, а истовремено локацијата е и комплетно репарирана. Катчето е донација од Бимилк.

На отворањето присуствуваа претставници на Општина Битола, како и градоначалничката на општината Наташа Петровска, која потенцираше дека оваа донација е од исклучителна важност, не само поради тоа што сега битолчани ќе имаат ново катче за спорт, туку и поради тоа што благодарение на Бимилк целата локација на Тумбе Кафе е целосно обновена и добива сосема нов лик.

Од Бимилк, пак, истакнаа дека отворањето на Balans+ зоните е со цел подигнување на свеста за спортот и за здравиот начин на живеење, а во согласност со пораките на брендот „Balans+“ :

„Среќни сме што Општина Битола ни дозволи да го обновиме ова место, кое за нас како битолчани е од исклучително значење за практикување здрав начин на живот. Всушност, долгорочна цел на компанијата е да допреме до што поголем број граѓани и да ги поттикнеме на спорт и рекреација, така што верувам дека граѓаните повторно ќе се вратат на Тумбе Кафе, со што како компанија уште еднаш ќе потврдиме дека еднакво се грижиме и за националниот, но и за локалниот развој и за здравјето на битолчани. Имено, преку порфолиото на ‘Balans+’ ги комуницираме придобивките од редовно консумирање здрава исхрана и постигнување внатрешен баланс во организмот, па верувам дека една ваква зона под брендот на ‘Balans+’ ќе ја пренесе пораката и за важноста од практикување спортски активности и постигнување баланс на телото“, рече Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

„Навистина ни е драго што од Бимилк вистински ја препознаваат важноста за создавање здрави навики, истовремено согледувајќи ги и реалните потреби на нашите сограѓани, особено земајќи предвид дека на Тумбе Кафе како локација навистина ѝ беше потребно освежување. Со овој несебичен гест тие обезбедуваат нова спортско-рекреативна зона за градот Битола, но придонесуваат и за квалитетот на живеење на целата наша заедница и не е прв пат компанијата да излезе во пресрет на нашиот град и битолчани“, изјави Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола.

А за тоа како изгледаше Тумбе Кафе пред Бимилк да започне со реконструкција на локацијата, можете да погледнете во видеото:

GOLD
To Top