Новости

Битола инфо

Нов кабинет за учениците од градежно-геодетската струка во „Таки Даскало“

Учениците од градежно геодетската струка од СОУ „Таки Даскало“ во Битола од денес наставата ќе ја посетуваат во нов кабинет, целосно опремен со софистицирани софтверски пакет програми. Го пушти во употреба поранешната директорка на ова училиште, а сега заменик министер за образование. Опремата е набавена со средства од Министерството за образование.Заменик министерката и директорот се надеваат дека со ваквата опрема во иднина ќе привлечат поголем број на средношколци.

Во градежно геодетската струка опстојуваат два смера архитектонски и градежен техничар. Наставата се изведува во три дела: теоретски дел во училница, практичен дел во кабинети и практична настава која што се изведува на градилиште. Добивањето на оваа современа опрема ќе овозможи реализирање на наставните планови и програми во целост, велат наставниците и учениците.

Радува фактот што во Битола повторно заживуваат стручните средношколски насоки адаптирани на новото време и на последните општествени потреби, рече советничката од Советот на општина Битола Крнчева.

Градежните струки за архиктетонски и градежен техничар во Таки Даскало се реактивирани пред 10 години. Во мементов околу 60 тина ученици од прва до четврта година ја следат настава на градежно геодетската струка.

Извор: tera.mk

GOLD
To Top