Новости

Битола инфо

Нов начин на преработка на отпадот

Со преработка на отпадот, кој наместо да се носи на депонијата Мегленци, ќе се преработува и од него ќе се прави компост, започнува нова фаза на селективно собирање на отпадот, преку проект од Интерег програмата на ЕУ за погранична соработка со Република Грција и националните фондови на земјите учеснички,

Носител на проектот е ЈП „Комуналец“ од Битола, а партнери се ЈП „Комунална хигиена од Општина Новаци и „Движење за околината –Молика“ од Битола, а од грчка страна фирмата за управување со отпад „Дијадима“од Кожани, Центар за иновации и култура „Инополис“ и националниот технички Универзитет од Атина.

„Ова потврдува дека современите текови во третманот на ѓубрето во нашата општина се третираат онака како што се по стандарди во светски рамки“, рече градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

За собирање на органскиот отпад се набавени 2000 канти од 120 литри, 200 канти од 240 литри и 35 контејнери со кафеава боја. Исто така, преку проектот е обезбеден камион за собирање на отпад.

„За првпат во нашиот регион отпадот не е повеќе отпад туку ресурс Кантите ќе ги поделиме бесплатно на домаќинствата со цел и тие да започнат со селектирање на отпадот. Органскиот отпад потоа ќе се преработува во компостерот од 14 до 28 дена, и наместо отпад на депонија ќе добиеме високо квалитетно органско ѓубриво –компост“, посочи директорот на ЈКП „Комуналец“, Панде Богоевски.

Проектот треба да биде реализиран до мај 2020 година.

GOLD
To Top