Новости

Битола инфо

Образованието на крстопат – Меѓународна научна конференција во Битола

Гледано од денешен аспект и поставеноста на училишните инфраструктурни проекти во нашиот град Битола, слободно ќе кажеме дека образованието на крстопат било во повеќе прилики, истакна претседателот на Македонското научно друштво Битола, доцент д-р Марјан Танушевски на дводневната Меѓународна научна конференција во Битола,  на која учествуваат академици, универзитетски професори и наставници од пет држави.

„И во 1851 година, кога биле поставени темелите на ОУ „Гоце Делчев“, и во 1944 година кога токму од Битола започна наставата на македонски јазик, во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и во битолската гимназија и се разбира во 1960 година кога се формира Македонското научно друштво Битола. Уверени сме дека предизвикот којшто ни е даден во оваа прилика да говориме на тема „Образование на крстопат“ анализиран од повеќе аспекти ќе даде вредни и документи и решенија коишто ќе ги дистрибуираме до МИнистерството за образование и наука во нашата држава, но и државите во регионот,“ рече Танушевски.

Проф.д-р Деан Илиев, потпретседател на МНД Битола и претседател на програмскиот комитет на конференцијата истакна дека на денешниот настан учествуваат повеќе од 300 учесници.

„Притоа бројката е импозантна во однос на трудовите, 137 трудови на вкупно 159 автори и коавтори, останатите се слушатели, експерти, наставници од нашите основни и средни училишта. Големо е задоволството да се биде во друштво на институции кои образуваат наставници од целиот регион, почнувајќи од учителскиот факултет во Белград, Факултетот за образование на наставници во Загреб, Факултетот за образование на наставници во Марибор, Факултетот во Вршац, трите Педагошки факултети во РМ и уште еден Универзитет од Словенија. Тоа претставува значаен чекор во развојот на образованието и процесите кои не очекуваат во РМ.Македонија во моментот се наоѓа на една пресвртница  во момент на развојот на развој на образованието во кој сите ние треба да дадеме свој придонес. Тој придонес ќе го дадеме со усвојување на педагошката теорија и педагошката практика,“ истакна Илиев.

Учесниците од соседните држави зборуваа за искуствата во нивните земји.

-Исклучително значајна е оваа меѓународна конференција со многу актуелна тема и со прекрасниот македонски збор- крстопат- кој всушност зборува за сите раскрсници во кои се наоѓа образовниот процес од Македонија па се до Словенија- рече професор –д-р Вера Радовиќ од Педагошкиот факултет во Белград.

– Ние се повеќе треба да обрнуваме внимание на наставниците и учителите, а кај нас во Софискиот универзитет, работиме на проект за стресот кај наставниците- рече професор д-р Снежана Илиева од Софискиот универзитет.

 

Евротип
SNBROKER
To Top