Новости

Битола инфо

Објавен тендер за изградба на прeчистителна станица во Општина Битола

Министерството за финансии, преку единицата за централно финансирање и склучување на договори, го објави тендерот „Изградба на пречистителна станица и реконструкција и надградба на канализационата мрежа во Општина Битола“.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека крајниот рок за доставување на понуди е 10 февруари 2020 година, со што се обезбедува континуиран процес до конечната изградба на пречистителна станица и колекторски систем за собирање и третирање на отпадните води во Битола и околината.

-Во завршна фаза е и постапката за избор на надзор на изградбата и реконструкцијата. Вкупната вредност на овој проект, финансиран од ИПА 2 Програмата, преку Секторот за заштита на животната средина и климатски промени и Владата изнесува 27,8 милиони евра. Со реализацијата на проектот ќе се реши проблемот со отпадните води кои во моментот се испуштаат во реката Драгор и Петтиот канал, инофрмираа од Општина Битола.

Евротип
Евротип
To Top