Новости

Битола инфо

Објавен тендер за набавка на кино опрема за киното Манаки

Општина Битола, во рамките на проектот CINECULTURE од ИПА Програмата за Прекугранична соработка со Република Грција, Општина Битола, денес ја објави тендерската постапка за набавка на кино опрема која ќе може да се користи за кино проекции во Кино Манаки, но и како мобилна опрема за филмски проекции на отворено. Тендерската постапка може да се најде на веб страната на Општина Битола, на следниот линк http://www.bitola.gov.mk/invitation-to-tender-for-supply-of-cinema-equipment-cineculture-cn1-s-o-1-3-sc-005-08-1188-1/. Тендерската документација, може да биде поднесена најдоцна до 09.01.2020 година, а право на учество имаат сите субјекти кои ги исполнуваат условите, наведени во документацијата.

GOLD
To Top