Новости

Битола инфо

Одбележување на Денот на рети болести во битолската гимназија

Гимназијата Јосип Броз-Тито Битола, под менторство на психологот Лидија Споа, Хепар центарот-Битола и Живот со предизвици, реализира настан во рамките на одбележувањето на месецот на лицата со ретки болести. За таа цел, ЈУНАК Стефан Васиќ пред своите соученици и членовите на Младинскиот актив, ја раскажа својата приказна и борбата со неговата ретка болест-Морфеа. Стефан е одличен ученик во трета година, подпретседател на Младинскиот актив, исто така вклучен во повеќе активности во училиштето. Овој ден го посветуваме на Стефан но и на сите лица кои се борат со некоја од ретките болести. Нашите желби секогаш се насочени кон изнаоѓање на лек на СИТЕ РЕТКИ БОЛЕСТИ. Да го слушнеме на ретките гласот, во тоа е спасот!

Евротип
SNBROKER
To Top