Новости

Битола инфо

Одложена дезинсекцијата во Битола заради неповолното време

Со оглед на неповолните метеоролошки услови во регионот (дожд, ветровито време и ниски темератури) кои делуваат неповолно врз спроведувањето на превентивната дезинсекција како од техничка природа така и на биолошките карактеристики и циклусот на развој на комарците, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола соопшти дека активностите на терен во смисол на превентивна теристичка дезинсекција на територијата на Општина Битола (Втора фаза), како општа против епидемиска мерка се одлагаат за една недела. Истите, согласно Програмата и акциониот план, екипи на Центарот за јавно здравје ќе јги реализираат во периодот од 16.07.2018 (понеделник) до 20.07.2018 год. Запрашувањето ќе се врши во вечерните часови во интервалот од 19.00 до 02.00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило, стои во известувањето од Центарот за јавно здравје-Битола.

GOLD
To Top