Новости

Битола инфо

Од денеска повеќе не се плаќа паркинг во Битола

Од денеска паркирањето во Битола на паркинг местата е бесплатно. Истече договорот со концесионерот, а паркирањето треба да го преземе новоформираното претпријатие од општина Битола.

Пред неколку дена за директор на ова претпријатие беше поставен Зоран Дојчиновски, кој беше заменик директор во ЈП Комуналец.

Како што можеше да се забележи низ градот, ретко можеше да се најде слободно место за паркирање на обележаните паркинг места.

Еве што велат битолските советници Иванчо Тошевски од ВМРО ДПМНЕ, Методија Илиевски од СДСМ и претседателот на Советот, Валентин Груевски за ЈП Паркинзи како и за вакуум просторот кој ќе се јави додека да профункционира претпријатието.

GOLD
To Top