Новости

Битола инфо

Од извршената контрола на СВР Битола

Полициски службеници од СВР Битола од на 11.12.2019 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување на првенство. Притоа, констатирано е дека тројца возачи управувале возило без возачка дозвола, две возила биле нерегистрирани, еден возач зборувал на мобилен телефон, а други двајца возачи не користеле сигурносен појас. Под дејство на алкохол биле тројца возачи и истите се исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

GOLD
To Top