Новости

Битола инфо

Од понеделник стапува во сила забраната за моторен сообраќај кај Епинал

Општина Битола со известување на режимот на сообраќај кај Епинал.

„Заради отпочнување спроведувањето на одлуката за означување на условите и утврдување на режимот на сообраќајот во централното градско подрачје ( Сл. Гласник на општина Битола бр.7/99), Ве известуваме дека во периодот од 10.06.2019 год (Понеделник) до 10.09.2019 год, во терминот од 19.оо до 24,оо часот, се забранува моторниот сообраќај со поставување на физички препреки на спојот на ул.”Димитар Илиевски Мурато” и ул.”Широк Сокак„ со што се овозможува безбеден пешачки сообраќај.
За нејзина успешна реализација неопходна е Ваша активна вклученост“ стои во соопштението на Општина Битола.

GOLD
To Top