Новости

Битола инфо

Од понеделник ќе се прска против комарците во Битола

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола, како општа противепидемијска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола соопшти дека во периодот од 09.07.2018 (понеделник) до 13.07.2018 год, екипи на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведуваат ВТОРАТА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците.

Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19.00 до 02.00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи друго возило означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градското подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола.
Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.
Со информации за активностите од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Битола известени се и медиумите, здруженијата на пчеларите, здравствените институции, локалната самоуправа и сите останати надлежни институции.
Во случај на појава на неповолни временски услови(ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

GOLD
GoldSlot
To Top