Новости

Битола инфо

Од утре нови снежни врнежи – Нискоградба апелира граѓаните да не ги оставаат возилата во споредните улици

Метеоролозите најавуваат нови снежни врнежи во Битола, а од ЈП Нискоградба велат дека се подготвени. Директорот Методи Силјановски вели дека се подготвени со целата механизација, како и со доволно количини сол и ризла.

-Нови снежни врнежи кои би требало да бидат меѓу 20-30 сантиметри. Ние сме комплетно спремни, со цела механизација, од страна на камиони, ровокопачи со ножеви, и помали машини за споредните улици, како и со сол и ризла за да излеземе во пресрет за новите снежни врнежи. На одредени споредни улици има паркирано возила, кои пречат впо чистење на снегот и има опасност при чистењето да дојде до оштетување на возилата. Затоа еден апел до граѓаните утре и четврток, колку што имаат можност да ги отстранат возилата за да можеме да излеземе во пресрет и во тие споредни улици и по можност да не го фрлаат снегот на коловозите, рече Методи Силјановски, директор на ЈП „Нискоградба“ Битола.

GOLD
To Top