Новости

Битола инфо

Општина Битола: Изречена 41 казна за паркирање на јавни зелени површини годинава

Општината излезе со соопштение за изречените казни за паркирање на јавни површини.

“Во рамките на своите законски надлежности, Општина Битола од почетокот на оваа календарска година, има изречено 41 казна за паркирање на јавни зелени површини во градот. Согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Битола, општинските инспектори на терен изрекуваат казни на непрописно паркираните возачи. Минатата година, од страна на општинскиот комунален инспекторат за паркирање на јавни зелени површини се изречени над 200 казни.”

GOLD
To Top