Новости

Битола инфо

Општина Битола ја утврди Програмата за урбанистичко планирање во 2020 година

Општина Битола во рамки на годишната програма за изработување на урбанистички планови и урбанистичко – плански документации ќе овозможи ефикасно спроведување на политиката на планирање и уредување на просторот, ќе создава услови за рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и услови за хумано живеење и работа на граѓаните во Општината.

Од тамошната локална самуправа информираат дека тоа е акцентот на урбанистичкото планирање во 2020 година и се базира на Законот за просторно и урбанистичко планирање.

-Програмата овозможува широка понуда за изработка на урбанистички планови, урбанистичко – планска документација, урбанистички планови согласно Законот за прогласување на старото градско јадро на Битола за културно наследство, изработка на заштитно – конзерваторски основи, стручни ревизии и изработка на стратешки оценки за влијанието врз животната средина. Дел од деталните урбанистички планови се посветени на урбанизацијата на индустриските зони „Блок Битолатекс“, „Блок Квасара-Шеќерана-Пивара“, Довлеџик кај базените и други локации во градот, а се планира и надвор од населените места, посочуваат од Општина Битола.

Според програмата за изработка на урбанистички планови создадени се услови за изработка на општи акти во 33 битолски села, како и приритетна изработка на урбанистички планови во поранешната битолска касарна.

–Во текот на годината, во зависност од стратегијата и доставени иницијативи, годишната програма може да се изменува и дополнува, со претходна согласност од Советот на Општина Битола за што ќе бидат распишани јавни повици за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови од страна на заинтересирани правни и физички лица, појаснуваат од тамошната локална самоуправа.

GOLD
To Top