Новости

Битола инфо

Општина Битола ќе набави две електротранспортни возила

Општина Битола во соработка со две општини од соседна Грција, од денеска почнува со имплементација на меѓународниот проект „Интегриран систем за зелен транспорт“. Станува збор за модерен проект и предизвик во современи услови на живеење со кој како финален резултат се обезбедува набавка на електротранспортни возила.

-Во рамки на проектот ќе бидат набавени две електротранспортни возила, еден минибус и едно помало возило, и тие ќе бидат во функција на потребите на учениците. Со проектот ќе се имплементира и систем за полнење на посочените возила со електрична енергија. На овој начин почнуваме да се движиме во правец на современите предизвици, посочи битолската градоначалничка Наташа Петровска.

Освен за Општина Битола, електротранспортни возила ќе се обезбедат и за општини од соседна Грција, потврди универзитетскиот професор Димитрис Стимуњарис.

-Проектот го координира Технички институт од Кожани, а бенефит ќе имаат четири општини. За негова реализација обезбедени се 1,2 милиони евра од европските фондови, изјави Стимуњарис на прес-конференција во Општина Битола.

Евротип
SNBROKER
To Top