Осум лица не го испочитувале полицискиот час на територијата на СВР Битола

Во изминатите 24 часа на ниво на СВР Битола под кој што спаѓаат градовите Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод 8 лица не ја почитувале мерката полициски час. Едно лице од Битола, пет лица од Прилеп, едно лице од Ресен и едно лице од Македонски брод.
Од СВР Битола информираат дека приведени се 5 лица од Прилеп. Против едно лице поднесена е кривична пријава за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
На ниво на сектор за внатрешни работи Битола во само изолација се вкупно 458 лица. Од нив во Битола се 194, во Прилеп 161 лице, во Ресен 34, во Демир Хисар 20 лица, Крушево 18 и во Македонски Брод 31 лице.
Во изминатите 24 часа (25/26.03.), според евиденцијата на МВР,на територијата на државата на 368 лица им се издадени решенија за изолација, 82 потпишале изјави за самоизолација, а од страна на полициските служби извршени се контроли и е констатиран само еден случај на лице кое не ја почитувало самоизолацијата.
Покрај ова полицијата, во соработка со другите институции во изминатото деноноќие извршила и контрола врз 222 угостителски и други објекти, и во три случаи за три објекти е констатирано непочитување на владините мерки и одлуки.
По однос на контролата на забраната за движење од 21 до 05 часот утврдено е дека 66 лица не ја почитувале забраната при што приведени биле 37 лица, а за другите се изготвени записници и ќе бидат поднесени соодветни пријави.
