Новости

Битола инфо

Откажана вечерашната балетска претстава „Либертанго” на МОБ во Битола

Центарот за култура-Битола соопшти дека се откажува вечерашниот настап на Македонската опера и балет, каде беше најавена изведба на балетската претстава „Либертанго” од Астор Пјацола.

Директорката на Битолскиот Центар за култура, Маја Андоновска Илијевски истакна дека одложувањето на културниот настан е во знак на почит на лицата кои вчера во сообраќајна несреќа го изгубија својот живот и прогласените денови на жалост во државата.

-Наскоро ќе посочиме нов термин за гостување на МОБ во Битола, кусо изјави Андоновска Илијевски.

GOLD
To Top