Новости

Битола инфо

Отчет на градоначалничката Петровска

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска денеска одржа прес-конференција по повод една година од стапувањето на функција.

„Измина точно една година, откако во Општина Битола локалната власт ја презеде СДСМ, а со тоа и јас како градоначалник. Во оваа измината година се соочивме со многу предизвици,  кои подразбираа чистење на наталожените проблеми од изминатите години:

Блокирани училишта, недоволен капацитет во градинките, лоша инфраструктура, спорт во колапс, енормна загаденост, демографски градот ни старее, а младите заминуваат и го напуштаат градот.

Минатата година, на 31 октомври според книговодствена евиденција, Општина Битола имаше доспеан долг кон добавувачите и обрски по други основи во висина од 204.398.964 денари, или 3.320.000 евра.

Но, според извршениот попис од комисија од општината, според потпишаните договори, општината имаше доспеани и преземени обврски од 768.218.028 денари, или 12,5 милиони евра. Истовремено, општината беше и е задолжена со долгорочен кредит од Светска бакна од 155.000.000 денари.

Сега имаме доспеани 50.781.413 денари.

Знаевме каде влегуваме со мојот тим, за дел од проблемите најдовме решение, но за некои треба време.

Започнавме чекор по чекор, со јасна визија и со огромна поддршка на централната власт.

Така направивме и со Офицерскиот дом. Го ветивме како приоритет во програмата и на пат сме да го реализираме. Веќе ја имаме цела потребна документација која беше потребна за реконструкција, која претходно ја немаше. Ќе започнеме со реконструкцијата на Офицерски дом, по веќе добиеното одобрение  за адаптација издадено од Министерството за транспорт и врски, како и сите претходни конзерваторски одобренија. Ветивме и ќе го вратиме сјајот на Офицерскиот дом.

Истото се случува и со проектот гасификација на Битола, каде во тек е припрема на тендерска документација. Морам да нагласам дека добивањето на потребната документација не се прави преку ноќ и за тоа е потребно време, така што активно се работи и на овој клучен проект за Битола, кој на градот треба да му донесе намалено загадување на воздухот.

Кога сме кај загадувањето, една од мерките е повторно Битолчани да уживаат во благодетите на Пелистер, така што посетителите на НП Пелистер до крајот на годинава ќе бидат ослободени од плаќање на влезници.

Еден од најгорливите проблеми за нас беше образованието, со наследен долг од над 4.500.000 евра. Општина Битола со ребалансот на буџетот ќе издвои 2 милиони денари за да им ги рефундира парите на родителите за школскиот превоз. И на ова поле вложувавме изминатата година. Проблемот со превозот исто така ќе мора да се решава активно. За нагледни средства, за подобри услови, хигиена, дограма.

СОТУ „Ѓ.Наумов“                                     235.644,00ден.

ОУ„Т.Анѓелевски“- Г.Оризари         105.527,00ден.

ОСМУ „Д-р Ј.Калаузи“                         80.826,00ден.

ОУ „Даме Груев“                                13.719,00ден.

ОУ „К.П.Мисирков                             4.827,00ден.

ОУ „Стив Наумов“                            13.717,00ден

Училиште с.Ротино                        13.719,00ден

ОУ „К.Охридски“                                 6.959,00ден

 

            Вкупно:                                   379.191 ,00 ден.                                           

 

Ја дозавршивме изградбата и опремувањето на градинката во Кравари со две занимални, а обезбедивме креветчиња за една занимална во градинката Вангел Мајоро. Опремуваме и уште две нови занимални со креветчиња во вредност од 1.100.000 денари.

Општина Битола во голема мерка го помага и спортот, а за финансирање на спортот издвои над 600.000 евра. Само за северната трибина на стадионот под Тумбе кафе годинава се извојуваат 1.000.000 евра.

 

12 издание на БИТ ФЕСТ донесе содржини за паметење, но за прв пат се реализираше со транспарентно претставување на буџетот на сите учесници, кој оваа година изнесуваше 5 315 699 денари и е неколку кратно помал во споредба со буџетите потрошени за Битолското културно лето во претходниот период.

Ова е многу повеќе, драги Битолчани, од 0 километри поставен асфалт и 0% реализација на проекти, за кои не обвинува опозицијата.

 

Евротип
SNBROKER
To Top