Новости

Битола инфо

Партерно уредување пред „Гроздот“

Продолжува уредувањето на тротоарите во градот со бехатон плочки. По обезбедувањето на безбедни тротоари за учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“, пешачката патека пред зградите кај „Гроздот“ ќе добие ново партерно уредување. На површина од околу 500 метри квадратни, започна унифицирањето на патеката, која во одредени делови поради оштетувањата претставуваше опасност за пешаците. Поплочувањето, во вредност од околу 400.000 денари, средства од буџетот на Општина Битола, ќе биде изведено до потегот кај раскрсницата со улицата „Димитар Илиевски Мурато“.

GOLD
To Top