Новости

Битола инфо

Парче фасада од балкон оштети возило кај Гроздот

При одрон на балкон од зградата кај Гроздот вчера попладне било оштетено возило кое било паркирано.

Вчера во 17:50 часот во СВР Битола било пријавено дека при одронување на парче од фасада од балкон на улица „Јосиф Христовски“ во Битола дошло до оштетување на возило Рено Лагуна со битолски регистрации. Возилото било паркирано пред супермаркетот.

На возилото штетени се кровот и кровното стакло, предната и задната шофершајбна, како и предната и задната хауба, информира Лефтерија Миленковска, портпарол на СВР Битола.

Во настанот нема повредено лице, за цела среќа за време на одронот не поминувал никој под зградата.

Денеска на тротоарот можеа да се забележат остатоци од стакло, додека утрово беа собрани остатоците од одронатата фасада.

 

 

GOLD
To Top