Новости

Битола инфо

Патоказ кон помирувањето

Битола е тесно поврзана со Евреите, нивната култура, историја, традиција. Во секој дел во Битола постои делче во кое живее некоја приказна од минатото, куќите низ центарот на градот каде живееле познати еврејски семејства, еврејките гробишта кои ја раскажуваат приказната за еден народ…

Она што е битно е да не се дозволи да се заборави историјата, да се промовира мирот, сеќавањето и разбирањето. А сето тоа е можно само преку различни активности кои го дозволуваат тоа. А секако кој друг, ако не младите.

Токму младите од Македонија, Германија и Израел беа оние кои почнаа да го следат Патоказот на помирувањето и да дојдат до Центарот на помирувањето – Битола. Волонтери од овие земји работеа на откривање и чистење на надгробните плочи на Еврејските гробишта во Битола, ја запознаваа историјата, градбите, културата со археолошки работи на терен, екскурзии, интерактивни работилници, предавања за минатото…

Овие млади кои ги поставуваат основите како да се биде пример за чекорење по патот на помирувањето ќе бидат дел од одбележувањето на комеморацијата на Евреите во Битола на 10 март 2019 година.

Се започна во јануари 2016 година кога на покана на Н.Е. Дан Оријан, амбасадорот на Израел во Македонија ги покани неговите германски пријатели да дојдат во Битола. Тогаш, протестантскиот свештеник Ханс – Ј. Шолц и неговата сопруга Рита го организираа 1-от Меѓународен летен камп, поканувајќи заедно 30 Германци, 5 Руси, седум Американци и неколку млади припадници на Евангелистичката младина од Битола.

Она што започна во 2016 година, продолжи и наредната на Еврејските гробишта во летото 2017 година, кога младите повторно се собраа и продолжија со својата работа на Еврејските гробишта во пресрет на 75-годишнината од комеморацијата на Евреите во Битола која се одржа во март 2018 година.

Младите од Парохијата Штауфенберг од Баден, Германија се спријателија со младите од средните училишта „Јосип Броз – Тито“ и „Јане Сандански“ во Битола, како и со младинците од битолскиот Црвен Крст. Присуствуваа и студенти од областа Ахен во Германија и од Универзитетот Бар Илан од Израел. Заеднички, се открија голем број надгробни плочи кои беа обраснати со трева. Благодарение на нив, сега тие се отворени книги кои сведочат за минатото…

Приказните и семејсните судбини ги зближуваат луѓето, прават нови пријателства. Така беше и со потомците на семејството Гутман. Додека беа во Битола, се запознаа со младите од Битола и Германија.

Прекрасното искуство од овој семинар беше инспирација за “Патоказот кон помирувањето”. Во август 2018, седуммина студенти од Битола и нивната наставничка Гергана Галевска Јовановски и двајца претставници од Црвениот Крст на Битола го посетија во Штауфенберг, ги запознаа Михал и ќерката Маја, придружувајќи им се на нивниот социјален работник на Тсур Јигар, Орит Шевач.

Тие одлучија да ја воспостават програмата за средбата на младинците во Битола од 8 – 11 март 2019. Во младинската организација од Израел, „Тсур Јигал“ собраа 18 младинци, од Германија 16 млади луѓе пристигнаа и беа срдечно пречекани од младите на Битолската иницијатива. Помладите и постарите лидери на проектот ќе летаат за Израел во јуни и потоа сите заедно се враќаат во Битола за 3-от Меѓународен Летен Камп во август 2019 година.

GOLD
To Top