Новости

Битола инфо

„Патување низ Сончевиот систем“ – едукативна изложба по Широк Сокак

Регионалното географско друштво „Геосфера“ и Астрономското друштво од Битола во соработка со Географско-астрономската секција при СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ Битола, ОУ „Тодор Ангелевски“, ОУ „Даме Груев“, ОУ „Св. Климент Охридски“ и ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ денеска на плоштадот Магнолија ја реализираа едукативната изложба насловена „Патување низ Сончевиот систем“.

Изложбата беше замислена како намален размер на Сончевиот систем, каде Сонцето беше во големина на тениско топче и сите планети пропорционално на тој размер беа оддалечени од него, со што секој можеше да ја утврди големината на Сончевиот систем. Исто така, за секое небесно тело беа изложени постери изработени од ученици од наведените училишта.

 

Целта на изложбата е да ја приближат астрономијата поблиску до јавноста, а сончевиот систем беше намален за 23 милијарди пати.

-Сонцето го претворивме во тениско топче и аналогно ги наместивме сите планети и небесни тела од сончевиот систем. Со оваа акција сакаме да го свртиме вниманието на младите, во таа насока планираме активности со астрономското друштво од Битола, вели Мите Ристов, претседател на РГД „Геосфера“ Битола.

Нивниот план е и да се возобнови идејата од пред неколклу години за изградба на мала опсерваторија на Тумбе кафе.

GOLD
To Top