Новости

Битола инфо

Петар Атанасовски по втор пат го фати крстот во Битола

17-годишниот Петар Атанасовски по втор пат го фаќа Светиот крст во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола. Тој се надева дека крстот ќе му донесе среќа, радост, здравје, а денеска му беше трет пат каде што скока по крстот.

Инаку утрово во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ се одржа Света Божествена Литургија, после која Владиката Петар го отслужи чинот на Големиот Водосвет и потоа го положи Светиот Крст во крстилницата во дворот на црквата. Годинава имаше околу 50-тина учесници кои скокаа по крстот.

GOLD
To Top