Новости

Битола инфо

Петар Ставрев: Шетајте по шумските патеки, за да не шетате по градските аптеки

Започнаа активностите за одбележување на 70-годишнината од прогласувањето на Пелистер за Национален парк. Денеска се отвори изложбата „Убавините на Пелистер“ на битолскиот фотограф Петар Ставрев кој важи и за голем вљубеник во природата и кој има голем број фотографии направено токму од НП Пелистер. Ова е негова 50-та изложба по ред.

Фотографот и новинар во пензија, Петар Ставрев пред присутните истакна дека се води според мотото: Шетајте по шумските патеки, за да не шетате по градските аптеки.

ОД Националната установа НП „Пелистер“ велат дека овој национален парк е 13 национален парк во Европа, а во последните години е зголемен шумскиот фонд, а флората и фауната се добро зачувани.

GOLD
To Top