Новости

Битола инфо

Петровска: Ќе воведеме нови вредности како локална самоуправа

Наташа Петровска, кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ денеска на прес-конференција зборуваше за новите вредности кои ќе ги воведат како локална самоуправа.

„Животот никогаш не е проста приказна, со себе носи многу падови и станувања. Животот е исполнет со многу предизвици. Но на крајот од него секогаш ќе се запрашате дали сте оставиле вредности за идните генерации. И ние денес, а и во недела, ќе бидеме поставени пред предизвици на кои мора да одговориме. И не само во недела, туку и во наредниот период како идна локална самоуправа мора да оставиме вредности. Да ги уредиме улиците во Битола, велосипедски патеки да станат реалност, да имаме организиран сообраќај, да имаме уредени училишта, детски градинки и згрижени стари лица. Да ги реконструираме месните заедници во нашата општина,да имаме живот за сите нас, ќе имаме почиста Битола со почист воздух. Но, за тоа да го имаме, мора в недела на 15 октомври треба масовно да излеземе и двапати да го заокружиме бројот 19 за нов градоначалник, 19 за членовите на општинскиот Совет. В недела во 19 часот по затворањето на гласачките кутии најбројната бројка да биде бројот 19, за живот во Битола за сите,“ изјави Наташа Петровска, кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ.

СН Брокер
To Top