Новости

Битола инфо

Петровска: Независно од правата на просветните работници, учениците мора да бидат згрижени

На новинарско прашање дали во битолските училишта се штрајкува или пак наставата се одвива нормално, градоначалничката Петровска го даде следниот одговор:

„Би сакала да нагласам дека токму оваа влада ги сослуша и послуша наставниците во барањето за исклучувањето на екстерното тестирање, токму оваа влада минатата година во септември им даде 5% зголемување на нивните плати, исто така иоваа школска година започнува со 5% зголемени плати на настаниците, нешто што што не се случувало со години наназад. Правото на штрајк е регулирано со закон, меѓутоа сепак како педагошки работници треба да водиме сметка дека станува збор за прво работен ден, исклуќително значаен особено за првоодделенчињата и и тој момент секој педагошки работник треба да го има во предвид. Во ОУ „Стив Наумов“ првоодделенчињата се примени онака како што доликува, а за другите училишта во  општината ќе добијам дополнителни комплетни информации, иако досега, од она што го имам како увид, учениците се примени во училиштата и се згрижени. Морам да нагласам и тоа дека независно од тоа кои се правата за кои што се борат просветните работници, секое дете мора да биде згрижено. Постои форма како треба и мора да биде згрижено“, рече Петровска.

GOLD
To Top