Новости

Битола инфо

Петровска во посета на првороденото бебе во битолската болница

Пет минути по полноќ, во Клиничата болница во Битола на гинеколошко-акушерското одделение се роди првото бебе во новата 2020 година, девојче, кое на свет дојде по нормален пат. Името и е Евгенија, прва радост на нејзините родители.


Првороденото бебе го посети градоначалничката Наташа Петровска, која на мајката и го честита донесувањето на свет на малата Евгенија и и посака таа да израсне во човек кој ќе остави свој впечаток во општеството.


„Нема поголема радост од радоста за нов живот, пет минути после полноќ го имаме првото бебе во Битола, женско, Евгенија, која ни донесе радост на сите. Нека е здрава и жива, да и се радуват во семејството, да има спокоен живот, да ни израсне во голем човек и со неа да се гордееме како битолчани. Честитки и до екипата која што се вложи да го имаме овој радосен момент и годинава нека ни биде бериќетна на сите“, рече Петровска.
Раководителот на одделението, прим. д-р Елизабета Чипуровска, од името на дежурната екипа им ја честиташе Новата година на сите жители на општината и порача младите да формираат среќни семејства во оваа година и да имаат принови, бидејќи иднината останува на младите.


„За време на новогодишната ноќ имавме доста работа, пред доаѓањето на новата година се породија две пациентки, треторотки, а во новата година, првото бебе породено по нормален пат од мајка Анита дојде на свет 5 минути по 12 часот, со тежина од 3.530 грама. Се течеше во најдобар ред и мајката и бебето се во одлична состојба“, истакна Чипуровска.
Градоначалничката, покрај вниманието кон мајката со букет свежо цвеќе, на првороденото бебе му подари ваучер во вредност од 20.000 денари. Таа ги посети и останатите родилки и нивните деца, подарувајќи им букети .

GOLD
To Top