Новости

Битола инфо

Петровска на средба со дел од битолските стопанственици

Претставници на дел од правните субјекти, како и физички лица, кои се сопственици на објекти и фирми во источната индустриска зона „Жито Битола-Транскоп“, одржаа работен состанок со градоначалничката Наташа Петровска, вработени во општинската администрација од Одделението за урбанистичко планирање и заштита на животната средина и претставници на Советот на Општина Битола.

На средбата се разговараше за донесувањето на детален урбанистички план за овој индустриски развоен дел од градот, каде делуваат над 50 правни и физички лица, со цел истите подобро да функционираат. Градоначалничката Петровска ги истакна заложбите на локалната самоуправа за забрзување на процесот на донесување на планската документација во овој дел од градот. Со тоа би се отвориле можности за нови инвестиции во стопански објекти.

GOLD
To Top