Новости

Битола инфо

Пешак тешко повреден во Битола по удар од автомобил

На 08.03.2019 година во 08 часот во СВР-Битола било пријавено дека во Битола на крстосницата од улицата “Прилепска“ и улицата “Батаљон Стив Наумов“ непознато возило управувано од непознато лице удрило во пешак В.Б.(50) од Битола, по што го напуштил местото на настанот. В.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Битола и се работи на пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.

GOLD
To Top