Новости

Битола инфо

„Платформата за ракометна Битола“ денеска пред советниците

Советот на општина Битола за денес во 10 часот ја закажа 38-та седница со една точка на дневен ред, а тоа е разгледување на Платформа за ракометна Битола поднесена од Ракометен клуб ЕУРОФАРМ Битола.
Во платфотмата меѓу другото стои дека РК „Еурофарм Работник“ писмено ќе се обврзе дека нема да го згасне правниот идентитет на РК „Пелистер“.

Доколку од објективни причини во идина се наметне потреба клубот РК „Пелистер“ да се даде во владение на друг сопственик, РК „Еурофарм Работник“ е должен одлучувањето за новиот сопственик да му го препушти на Советот на општина Битола. При евентуално преземање на РК „Пелистер“ од друг сопственик, РК „Еурофарм Работник“ има право само на материјален надоместок кој ќе биде идентичен со сумата на материјални средства кои РК „Еурофарм Работник“ ќе ги вложи при купување на акциите на РК „Пелистер“.

Понатаму се вели дека РК „Еурофарм Работник“ ќе го промени своето име во РК „Ерурофар Пелистер“, клуб кој во оваа натпреварувачка сезона ќе се натпреварува во Лига шампиони и СЕХА лига.

Исто така стои дека Општина Битола ќе се обврзе дека во наредните пет години ќе издвојува по 15 милиони денари годишно за РК „Еурофарм Пелистер “доклку клубот игра во европски натпреварувања и СЕХА лига.

GOLD
To Top