Новости

Битола инфо

Платформата за спортска Битола денес пред советниците

На денешната седница на Совет советниците расправа за Платформатa за ракометна Битола поднесена од Ракометниот клуб ЕУРОФАРМ Битола, Платформа која што ја нарекуваат за создавање на Европски ракометен град или ракометна Битола, рече пред почетокот на Седницата претседателот на совет Валентин Груевски. За нив како власт дел од барањата на Еурофарм се прифатливи.


-Ние како Совет предлагаме сопственичката структура на двата клуба да биде еднаква, односно 75% да бидат на Еурофарм, а 25% да бидат на општина Битола.  Ќе опстојуваат два клуба: еден ќе биде европски силен, а другиот база на млади битолски ракометари.Бараме СЕХА лигата и Лигата на шампионите да се играат во салата во Битола. Дел од грбот ќе биде зелен, а бојата на дресовите, според платформата, ќе биде сино-бела, бидејќи таа била пријавена во Лигата на шампионите. Од следната сезона клубот би имал два дреса, сино-бел и зелено-бел, рече Валентин Груевски, претседател на Советот.


Опозицијата со забелешка дека целата оваа работа се одвивала на нетранспарентен начин, односно не била запознаена пошироката јавност.

-За нас како опозиција спорно е тоа што целата оваа постапка односно сите овие преговори кои што течеле во изминатиот период се одвивале во крајно нетранспарентна постапка, без да биде консултирана пошироката спортска јавност. Што се однесува до Платформата нашите забелешки се во делот на одржување на континуитетот на РК Пелистер и зачувување на традицијата на РК Пелистер. Ќе бараме да биде извесна судбината на четворицата тренери, преку 100 членови на младинската школа на РК Пелистер, и од друга страна битолската јавност треба да знае штом општина Битола  издвојува пари за финансирање, ние како опозиција ќе бараме од општината и од правниот субјект Еурофарм да гарантираат дека во наредните 5 години колку што е наведено во договорот дека натпреварите од СЕХА и Лигата на шампиони дека ќе се играат токму во Битола, рече Иванчо Тошевски, советник од ВМРО ДПМНЕ.

Веднаш после почетокот на Седницата опозицијата побара на седницата да присуствуваат и градоначалничката на Битола како и претставник на РК Еурофарм Работник.Откако ќе бидат изгласани Еурофарм ќе треба да се произнесе по заклучоците , а потоа советниците треба уште еднаш или двапати да дискутираат по одредени прашања. Опозицијата и власта почнаа со препукување каде ќе се играат натпреварите, дали во Битола или пак во Скопје.На денешната седница на Совет беа присутни и претставници од навивавачката група Чкембари.
Претставник од нив им се обрати на советниците.

-Нам ни пречи менувањето на боите на клубот. Еурофарм Работник во Лигата на шампионите ја има пријавено сино-белата боја, но секој спортски клуб има два комплета на дресови, едни за домашни, едни за гостински мечеви. Ова е најмногу што можеме да прифатиме. Ќе инсистираме сите домашни натпревари да се играат во зелено-бела комбинација, а од следната сезона да бидеме зелено-бели, рече Николче Лазаровски, претставник од навивачката група Чкембари.

Заклучоците кои беа прочитани од страна на Груевски, беа изгласани со 15 гласа ЗА и 9 воздржани, а пак заклучоците поднесени од страна на опозицијата беа одбиени од мнозинството во Советот.

Извор: ТВ Тера

GOLD
To Top