Новости

Битола инфо

Поддршка од Општина Битола за оштетени земјоделци од невремето и поројниот дожд

Општина Битола ќе ги помогне земјоделците кои претрпеа штети од невремето кое на 10 јули се случи на подрачјето на таа локална самоуправа.

Од секторот за односи со јавност информираат дека веќе е формирана Комисија за проценка на штети од елементарни и други непогоди.

-Силниот и обилниот дожд, како и невремето што ја зафати Битола на 10 јули, остави големи последици врз земјоделските насади во неколку битолски села. Локалната самоуправа ќе им помогне на земјоделците во намалување на последиците со кои се соочуваат и затоа потребно е да достават соодветна документација до Општина Битола, односно барање за надомест на штета и имотен лист од површината на која е оштетена земјоделската култура, информираат од Општината.

Доставувањето на документацијата до локалната Комисија за проценка на штети од елементарни и други непогоди ќе се врши до 19 јули.

GOLD
To Top