Новости

Битола инфо

Поделени одговорности за одржувањето на Реонскиот пазар во Нова Битола

На 16-тата седница на Советот на Општина Битола советниците донесоа Одлука за пренесување на правото на тековно одржување на водоводната и канализационата мрежа, пасажите, скалите и зелените површини од Реонскиот пазар-Битола.

Со оваа одлука Општина Битола му го пренесува правото на тековно одржување на делови од Реонскиот пазар Битола на ЈКП „Водовод“, кое ќе биде задолжено за одржување на водоводната мрежа, на КЈП „Нискоградба“ за одржување на канализационата мрежа, пасажите и скалите и на ЈП „Комуналец“, кое ќе треба да ги одржува зелените површини.

Во одлуката стои дека Градоначалникот на Општина Битола е овластен да склучи договор одделно со секое јавно претпријатие за начинот на одржување на деловите од Реонскиот пазар.

Во однос на одржувањето на покривната конструкција, јавните претпријатија треба на заеднички состанок да одлучат кој ќе го преземе овој дел во нивна надлежност, по што ќе биде додадена во договорите со Општина Битола.

 

 

GOLD
SN Finansii
To Top